 Младинскиот совет при амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија, организира видео натпревар за средношколци.
Младинскиот совет при амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија, организира видео натпревар за средношколци.
Темата на натпреварот е „Сите различни-сите еднакви“ со цел да се подигне свеста за интеграција и еднаквост. Притоа, 20 средношколци ќе бидат избрани да учествуваат на две работилници за изработка на видео и само тие ќе можат да учествуваат во видео натпреварот.
Првата работилница ќе биде на тема „Снимање и развивање на приказната“ на 8 ноември во просториите на Националниот младински совет на Македонија, со почеток од 10: 00, а ќе трае до 17: 30 часот.
Втората работилница ќе се однесува на монтажата и пост-продукцијата на видеото, на 20 февруари во Американското катче во Скопје, во периодот 10: 00-17: 30.
На работилниците можат да учествуваат само средношколци кои се запишани како редовни ученици и кои течно го зборуваат англискиот јазик. За потребите на работилницата потребно е со себе да понесат мобилен телефон или камера бидејќи снимањето на видеото ќе биде со лична опрема, како и лаптоп на кој ќе можат да го монтираат видеото.
Избраните улесници ќе се натпреваруваат со видео од две минути на наведената тема. Гласањето ќе биде преку онлајн анкета и преку гласање на жири од Младинскиот совет. Оној кој ќе освои прво место ќе добие камера, второто место добива таблет, а третото место флеш диск.
Крајниот рок за пријавување е до 29 јануари, а тоа може да се направи со апликацијата која е достапна на овој линк.
 
						 
								 
               
				