Средношколски протести и окупација во Сао Паоло против затворање на училишта

Полицијата во најголемиот бразилски град Сао Паоло употреби шок бомби и солзавец синоќа за да растера група од триесет тинејџери кои протестираа против владината одлука да се затворат речиси 93 училишта, пренесуваат локалните медиуми.

Средношколци, ученици и студенти побараа поголема вклученост при донесување на ваква одлука. Голем број на средношколци и ученици во основно училиште предводеа или беа дел од окупација на околу 200 училишта низ бразилската сојузна држава Сао Пауло, повеќето од нив во престолнината Сао Паоло.

Покрај овие 200 училишта, промените ќе влијат и врз училиштата во другите градови во кои вкупно има 300 000 ученици. Оние кои демонстрираа и се вклучија во окупацијата бараат поголема вклученост во реструктуирањето на училиштата и поголема транспарентност.

Локалните власти понудија благи отстапувања, но тие ги отфрлија. Гувернерот на сојузната држава Гералдо Алкмин изјави дека оваа недела сите училишта ќе бидат пренаменети за други едукативни цели. Некои, на пример, ќе бидат претворени во центри за учење јазици. Тој го обвини синдикатот на наставници и возрасните активисти за поттикнување на окупацијата.

Наставници се меѓу повредените при судирите со полицајците кои се обидувале да ги разделат демонстрантите. Учениците пак, уништиле неколку предмети, сопственост на училиштата што ги окупирале. Сепак, тие велат дека главниот фокус им е нивната иднина, а не вандализмот.

Нивното движење започна на деветти ноември, по соопштувањето на одлуката, а во синоќешната акција биле приведени четворица меѓу кои и среднокошколка која подоцна била пуштена. Сите новости ги соопштуваат преку Твитер хаштагот .