Средношколски пленум Битола: Мислите дека со уништување на плакатите ќе го спречите маршот?

Три дена пред најавениот марш за подобро образование на битолските средношколци, од Средношколски пленум од Битола јавуваат дека се уништуваат плакатите за маршот и растат притисоците кон нив.

„ Драги партијци, нашата порака е веќе широко распространета. Мислите дека со уништување на плакатите ќе го спречете маршот? Мислите дека сега, откако ги уништивте плакатите, информацијата нема да биде пренесена? Ние со нетрпение го чекаме денот кога ќе сфатите дека со вакви бедни чинови, создавате уште повеќе гнев кај секој од нас. Ни помагате да се сплотиме, да бидеме побројни и помоќни! Поздрав, партијци и ‪#‎ПоздравПленумци‬!“, посочуваат од пленумот.

Протестот е најавен за во среда напладне, пред средното медицинско училиште во Битола. Викендов средношколци од пленумот излегоа на „полноќна акција“, кога биле лепени плакатите со известување за маршот.

Од Пленумот ги охрабруваат учениците кои ќе имаат притисоци во училиштата да ги информираат за сите случувања.

„ Доколку имате прилика, извадете ги телефоните и снимајте! Не’ плашете се, заедно сме посилни!“, додаваат битолсите средношколци“.