Средношколски марш – Сè додека се плашиме и молчиме, тие газат!

Со жолти картони во рацете, извикувајќи „Нема да ви помине“, „Нема правда, нема мир“, средношколците маршираат кон Владата и Министерството за образование.

Вчерашната средба е лага , не се исполнети сите барања, продолжуваме со борбата“, соопштија од  Средношколскиот пленум непосредно пред почетокот на маршот.

„ Нè држат уплашени дека ќе ни го земат лебот, дека ке ни ја срушат куќата, дека ќе ни ја скршат вилицата, сè додека сè плашиме, сè додека молчиме, тие газат. Слободата е кога на улицата ќе се видат голем број средношколци. Фрлете ги партиските книшки, ние сме чисти и чесни, ова е марш на вистината која не води. Да ставиме крај на мислењата дека ние сме универзални незналици“, порачаа пленумци во својот говор прочитан пред средношколците.

На маршот излегоа средношколци од повеќе скопски гимназии меѓу кои  „Орце Николов“, „Раде Јовчевски Корчагин“ , „Јосип Броз Тито“, „Никола Карев“, но и од стручните училишта како медицина. Во Скопје допатуваа и нивни соученици од Куманово и Велес, а присутни се и членови на Наставничкиот и Студентскиот пленум од каде добиваат силна поддршка.

Како што јавуваат репортерите на Радио МОФ на теренот, на средношколците кои маршираат им се придружуваат и голем број граѓани.