На Средно Водно денеска од 10 до 13 часот, се одвиваа манифестацијата „Средношколски игри“, кајде што ученици од средните училишта на Град Скопје ќе имаа многу забавни и натпреварувачки активности. Дружењето се одвива под мотото„Заедно во природа“ и во текот на овие три часа за учениците е организиран крос, натпревари во знаење, уметнички вештини, ориентација, еколошки-зелени игри, а со цел да ги поттикне средношколците да развијат свесност за потребата од движење на отворено и престој во природа .
На еднодневните игри ќе бидат вклучени ученици-натпреварувачи, наставници, директори, комисии, претставници на државни институции и компании, но и останати ученици, родители, гости, посетители на Средно Водно.
Натпреварувачкиот дел од игрите ќе почне од 10 часот, по што следува еко час за учениците, а од 12 часот ќе се прогласуваат и доделуваат наградите за најдобрите ученици по дисциплини. Од самиот настан, учениците ќе испратат порака за поттикнување на здрав живот и почесто движење во природни средини, толеранција и заедништво меѓу младите, непотпаѓање на пороците дрога и алкохол, и ширење позитивни искуства и мисли со своите врсници.
Настанот е во организација на здружението „Сфера“- Скопје, а се одвива со поддршка на Град Скопје.