Средношколски хуманитарен настан – Бајките помагаат, зошто не и ти?

Учениците од гимназијата „Никола Карев“ во Скопје во вторник (29 мај) во своето училиште ќе организираат хуманитарен настан насловен „Бајките помагаат, зошто не и ти?“.

Средношколски хуманитарен настан - Бајките помагаат, зошто не и ти?

 Настанот чиј почеток е закажан во 19:00 чадот е замислен како голем концерт на средношколските бендови од гимназијата „Никола Карев“. Како што најавуваат организаториte на настанот, веќе е потврдено учеството на бендот „Culture Development“.

Освен музика ќе има штандови на кои ќе биде поставена храна карактеристична за различни подрачја, рачно изработен накит, книги кои ќе се продаваат и уште неколку активности кои во моментов се подготвуваат. Посетителите ќе можат да си направат интересни фото-портрети, со студиско светло.

Сите средства собрани од овој настан, како што самите средношколци велат, се за „сложно, заеднички да помогнеме на некој кој одамна не припитомил, кого одамна сме го припитомиле. Срцата кои споделуваат и помагаат, кои ја чуваат својата роза, не се никогаш осамени.“

„Дојдете за да го зголемиме ланец на хуманост, ни требаат што повеќе алки. Само ние сме малку, но доколку бидете присутни ќе направиме навистина голем ланец кој ќе и помогне на припитомената роза.
Впрочем, „тоа што ја прави пустината убава е знаењето дека некаде во неа се крие извор“, се наведува во поканата за настанот.