Средношколец се кандидира за претседател на Америка, иако законски е премлад

Брајди Олсон е името на 15-годишниот средношколец од Ајова, кој се кандидира за претседател на Америка. Тој до неодамна беше познат единствено под псевдонимот Deez Nuts и веднаш успеа да ги освои симпатиите на голем број граѓани.

Според анкетите, Олсон е достоен противник во трката за нов претседател на Америка, во конкуренција со Доналд Трамп и Хилари Клинтон. Досегашните проценки покажуваат дека тој е најдобриот трет кандидат во последните две децении, иако е 20 години помлад од законската граница на кој некој може да биде претседател.

Средношколецот изјави дека причината поради која решил да се кандидира е бидејќи бил фрустриран од двопартискиот систем, а според тоа колку брзо се прошири неговата кандидатура на интернет покажува дека со него се согласува и голем дел од американското население.

Тој вели дека досега го исконтактирале луѓе од 23 земји за да му помогнат во кампањата. Тој има сериозни амбиции и за потпретседател, а за слоган избрал:

Меѓутоа, за вистински да биде избран потребно е да се направат промени во уставниот амандман, што според експертите нема да се случи.

Извор: TIME