Средношколец од Прилеп измисли шприц што ги штити медицинските лица од зарази

Сашо Јандрески, 16-годишен гимназијалец, ученик во втора година во прилепската гимназија „Мирче Ацев“ измисли и патентираше нов, уникатен шприц за инјектирање лекови и корисен во медицински цели. Јандрески својот изум го патентираше и го презентираше пред медицинските работници и пред јавноста синоќа во големата сала на Домот на културата „Марко Цепенков“, објави ТВ Канал5.

Средношколецот Јандрески речиси една година со тим од три професорки кои му ја дадоа поддршката, работел на обликувањето на прототипот кој е наречен „Јандреев шприц“ и според Јандрески ова доаѓа како прв изум во медицината кај нас по 25 години.

Идејата се родила по волонтирањето во прилепската Итна медицинска помош и во болницата „Борка Талески.

-Со овој нов модел на шприц, здравствените работници целосно се заштитени од каква било зараза од Хепатит Б и Ц при давањето терапија. Заштитени се и ветеринарите, фармацевтите, лаборантите, изјави тој.

Целиот прилог е достапен на следниот ЛИНК.