Средношколците пред МОН: Вие сте виновни што си заминуваат младите!

Со скандирање на слоганот „Ние сме иднината“ заврши денешниот средношколски марш за подобро образование. Средношколците, но и наставниците и граѓаните кои излегоа на протестот во знак на поддршка за учениците, од Министерството за образование и наука побараа да запрат со лошите реформи.

„Токму вие ја оцрнивте, клеветите и омаловажувате младината на Македонија. Ја навредивте сопствената иднина, си дозволивте да нанесете катастрофа за општеството. Ако никој друг, историјата ќе ви суди, таа е најсуровиот судија. Вие пленумци продолжете горди да стоите исправено бидејќи пред нашите внуци ќе кажете дека бевте дел од таа историја.  Ние пишуваме историја за да делиме подобра иднина. Додека светот максимално креативно ги користи младите вие не оцрнувате, немајќи доблест да се соочите со одговорност , уништивте се што е кративно кај младите. Вие сте виновни што младите си заминуваат да служат во туѓа држава.

Поздрав од кумановските средношколци. Не сте сами“, порача во својот говор пред МОН средношколецот Никола Крстевски.

Пречекан со големи овации пред присутните се обрати и професорот Душко Стојановски, од скопската гимназија „Орце Николов“, кој им порача на средношколците да престанат да се плашат. Тој им се обрати и директно на оние кои носат одлуки во МОН.

„Овие овде не можам да ги наречам повеќе од безгласни букви , мегафони,  треба да се викаат трговско друштво. Никогаш сами ништо не кажале, само кога има тендерчиња. Сето друго доаѓа од друго место. Не може да се очекува од повторувачи да разберат што е квалитетно образование,“ порача професорот.

Во средношколците пак посочи дека ја гледа надежта за Македонија.

„Вие сте надеж дека во Македонија има шанси за демократијата. Ние кои молчевме ве доведовме до овде, и сега пак ве оставаме сами. Наместо да дојдат и да ве прашаат кои се проблемите, наместо нас наставниците да не прашаат како да се подобри образованието, се молчеше. Овие реформи се само форма, празни како главите на овие во зградата“, истакна професорот Стојановски.

Во своите обраќања члновите на Средношколскиот пленум посочија дека се поодлучни од секогаш.

„Сега сме под вашиот прозорец бидејќи нашите училишта сакаат да имаат подобро образование кое поради вашите експерименти тоа право ние ускратено. Горди сме што го кренавме гласот против вашите измислици. Фала што од нас направивте борбени луѓе и што ни кажавте дека светот останува на нас младите,“ изјави младата Мила Басаровска.

Реактивирањето на средношколските протести доаѓа поради игнорантскиот однос на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, кои веќе две седмици не даваат одговор на писмото со доставено до нив. Пленумци бараат укинување на ектерното тестирање, полагање државна матура по стариот концепт за сегашните матуранти, како и нивно вклучување ако се прави нов концепт на полагање на државна матура, но и за било какви промени поврзани со средношколското образование.