Средношколците од Тетово со протест најавија бојкот на настава

Бојкотот на наставата се прошири и во Тетово, каде во средното економско училиште „8 Септември“ учениците по вториот час ја прекинаа наставата и излегоа на протест пред училиштето.

Ученици за Радио МОФ велат дека иако дел од професорите ги поддржуваат во најавите за бојкот на наставата, останатите денеска им се заканувале ги повикувале да се вратат во училишните клупи. По протестот, средношколците го напуштија училиштето, со најава дека утре продолжуваат со бојкот на наставата.

„Денеска во „8 септември“ имаше бојкот на наставата против лошите реформи во образованието. Ова е само почеток, во иднина ке ги радикализираме нашите активности во Тетово. Ги повикуваме и другите училишта во Тетово да се приклучат кон бојкотот“, велат од Средношколски пленум – Тетово.

Според најавите, освен во средното економско училиште, за утре е можен бојкот на настава и во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“.