Средношколци, што правите со емоциите? – вебинар за справување со кризата

Нема матурска прослава, нема дружење после часови, дома сте предолго сами со себе… ви се наметнуваат прашања за кои немате одговор или немате со кој да ги разговарате. Поради ова, здружението „Гоу Грин“ вечерва организира вебинар кој ќе се фокусира на справувањето со емоции кај средношколците.

„Целта на овој вебинар е да на интерактивен начин се поттикнат младите да станат свесни за своите потреби и чувства и да стекнат знаење и вештина на кој начин ќе можат да се справат со своите емоции како и да се мотивираат самите себеси. Овој период на вонредна состојба заради КОВИД-19 и период на изолацијата е тежок предизвик за младите, така што нивната самосвесност и мотивација е круцијална за надминување на ваквиот период“, велат од „Гоу Грин“.

Работилницата ќе биде предводена од тренер за личен развој, а ќе започне во 20:30 часот. Потребно е претходно да се пополни пријавата достапна на следниот ЛИНК