Средношколци од Битола истражуваа колкаво е загадувањето на почвата со тешки метали

Седум средношколци од гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола заедно со два професори истражуваа колкаво е загадувањето на почвата со тешки метали на потегот меѓу градот и термоелектраната РЕК Битола, објави Тера ТВ.

Нивниот ученички проект покажа присуство на олово на земјоделска површина кај Поешево и Брусник.

„Започнавме со теренска работа, зедовме примероци од 19 села од околината на Битола и со нив работевме во лабораторија. Резултатите беа дека околината на Битола и не е толку загадена со тешки метали освен со олово кое е многу присутно во многу села, Покрај олово работевме и анализи за хром и манган“, изјави Елена Здравковска, учесник во проектот за Тера ТВ.

Со оваа активност, учениците и нивните професори се приклучија кон одбележувањето на глобалниот климатски протест. Симболично ќе закопаат временска капсула која ќе ја отворат во 2050 година.

Целиот прилог е достапен на следниот ЛИНК.