Средно училиште во Лондон ја доби престижната архитектонска награда „Stirling“

Средното училиште Burntwood во јужен Лондон ја доби Stirling наградата за најдобра зграда во Обединетото Кралство во 2015 година.

Зградата на училиштето за девојчиња, чија градба чинела 41 милион фунти, е приказ на поразлична ера. Училниците кои се „поплавени“ со светлина поставени во кампус опколен со паркови изгледаат како простории од друго време, кога училиштата биде полни со свежина и оптимизам, а за зградите се инвестирало со грижа, квалитет и мотивирачка енергија.

Проектот ја победи тешката конкуренција составена од Richard Rodgers и неговиот комплекс од луксузни апартмани крај Темза и манчестерската Whitworth Art Gallery, како и зградата на Maggie’s cancer care centre, и универзитетска зграда во Гринич.

Во година во која одбирањето на победник била потешка одлука од вообичаено,одлуката испаќа моќна порака за значењето на инвестирањето во дизајнот на училиштата.

Burntwood е дело на ветеранските архитекти на училишта Allford Hall Monaghan Morris (AHMM), кои имаат дизајнирано осум средни училишта во изминатата деценија, а биле и во тесна конкуренција за добивање на Stirling наградата за нивниот проект за Вестминстерската академија во 2008 година.

Процесот на конструирање на зградата, вели Monaghan, бил како тешка игра судоку. Сместувањето на новите блокови во просторите меѓу постоечките згради за училиштето да продолжи да функционира нормално и покрај петгодишниот период на градење со минимално попречување на наставата било речиси невозможна мисија. Училиштето има 2.000 ученички и 200 наставници и персонал.

Училниците имаат високи тавани и големи прозорци, а ходниците се широки и има простор за одмор. Целото училиште изгледа како универзитетски кампус.

„Burntwood училиштето ни покажа како дизајнот на едно училиште може да биде значајно за достогнувањата и уживањето во образованието на нашите деца“, вели претседателот на RIBA Stirling, Jane Duncan, која ја додели наградата во четвртокот.

„Со оглед на тоа што Обединетото Кралство се соочува со огромен недостаток на училишта и образовни институции, треба да учиме од Burtwood“, додава.

Извор: Guardian