„Среден прст за тие што не носат маска“ – берлинска кампања ги подели локалците

Државно туристичко претпријатие во Берлин покренало маркетинг кампања која прикажува возрасна жена со среден прст за луѓето кои не носат маски.

„Показалецот e наменет за сите што не носат маски“, вели рекламата која прикажува жена со маска. Од „Посети го Берлин“ велат дека кампањата се фокусира на штитење на здравјето на постарите.

Но, кампањата стана контроверзна, а дел од Германија смета дека е навредлива. Постерот со слоганот „Ние ги следиме мерките за корона“, финансирана од Сенатот во Берлин и „Посети го Берлин“ бил објавен во локален весник, па фотографијата за брзо станала популарна на социјалните мрежи.

Кристијан Тинзлер, портпарол на „Посети го Берлин“, изјавил дека постерот има цел да ги потсети луѓето се придржуваат до мерките.

„Повеќето берлинци и гости ги почитуваат и се придржуваат до мерките, но дел од луѓето- не. Тие ги ставаат под ризик животите на постарите лица и животите на оние со посериозни здравствени состојби. Сакавме да го привлечеме вниманието кон оваа проблематика и поради тоа избравме провокативен мотив. Рекламата има свој берлински шмек“, изјавил тој за „БиБиСи“.

Тој додал дека берлинците се познати по директната комуникација, и дека британците би ја почитувале смислата за хумор.

„Ние користиме директна комуникација токму кон оние кои не ги почитуваат мерките“, нагласил Тинзлер. Сепак, кампањата не е по сечиј вкус.

Лоренз Маролд, уредникот на германскиот весник „Дер Тагешпигел“, не ја бендисал кампањата.

„Сметам дека рекламата е класично берлинска и би функционирала уште подобро доколку Сенатот немаше дисфункционални решенија за проблемот. Сенатот смета дека навредувањето на луѓето е поуспешно од воведуваше на строги и прецизни правила и засилена контрола. Властите неуспешно се справуваат со состојбата“, изјавил тој.

Дел од граѓаните потенцираат и на тоа дека текстот во рекламата вели „показалец“, додека жената има покажано среден прст. Од „Посетете го Берлин“ велат дека разликата е намерна и јасна.

„Нашата таргет група беа луѓето кои не ги почитуваат животите на другите. Ако некои од луѓето се чувствуваат лично нападнати бидејќи не можат да носат маска – тоа не беше нашата цел. Се извинуваме за таквото недоразбирање“ истакнале од претпријатието.

Извор: BBC