Средба во Крушево по повод Светскиот ден на туризмот

На 25 и 26 септември во Крушево се одбележа Светскиот ден на туризмот, преку неколку оактивности отганизирани од страна на Ски Центарот „Панорама“ и Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост „ИМЕ“.

На 25 септември, заменик амбасадорот на Швајцарија, Луциен Аегертер, го посети Крушево и оствари средба со градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, и други локални партнери. Целта на овие средби беше да се разговара околу минатите и сегашните активности за развој на активниот туризам во Крушево.

„Чест ни е што по повод Светкиот ден на туризмот го посетивме Крушево за да посведочиме за огромниот потенцијал што Крушево, но и цела Пелагонија, ја имаат за активен туризам. Швајцарија го поддржува развојот на активниот туризам во Крушево уште од 2014 година. Отворањето на Инфо-центарот за активен туризам, подобрена безбедност при параглајдинг и поддршка за фестивалот „When in X“, се само дел од иницијативите кои имаат придонесено за зголемен број туристи преку целата година во Крушево, со што се придонесува и за зајакнување на локалната економија“, нагласи Аегертер.

Во сабота, 26 септември, организаторите одржаа средба со локални чинители од Крушево, како што се сместувачките капацитети, велосипедската заедница во Македонија и претставници од тур операторит. На средбата се дискутираше за потенцијалите на Крушево да прерасне и да се промовира во вело-туристичка дестинација и беше најавена новата иницијатива.

„Денеска, заедно со Ски центар Панорама, Општина Крушево, Агенција за развој и промоција на туризмот, велосипедската заедница и останатите локални партнери, го одбележуваме почетокот на уште една инвестиција во Крушево. Во наредниот период, експерти од Швајцарија ќе обезбедат поддршка во трасирање висококвалитетни рути за планински велосипедизам и со тоа Крушево може да стане топ велосипедска дестинација. Се надеваме дека ова ќе придонесе за што поголем број професионални велосипедисти, но и туристи кои сакаат активен одмор да го истражуваат Крушево и околината на велосипед.“ – изјави Тања Георгиевска, претставник на Швајцарската програма ИМЕ.
„Создавање на вело патеките е од одгромна важност за дополнување на туристичката поддршка, и промоција на активниот туризам во Крушево“ – изјави Јаким Митревски, преставник на Хотел Панорама.

„Нам како велосипедисти важно ни е обележување на се повеќе велосипедски патеки, и поголема и подобра интраструктура низ целата дестинација” рече Здравко Ристевски, еден од организторите на фестивалот „Крушево низ корија“.