Средба со авторката на стрипови Лиз Принц, во Американско катче

Американското катче во Скопје организира средба со Лиз Принц, авторка на голем број стрипови, меѓу кои и познатиот „Tomboy“ („Машкуданка“). Средбата ќе се одржи во понеделник (21 март), со почеток во 17 часот. 

Оние кои би сакале да присуствуваат на средбата со авторката треба да испратат порака со своите податоци на ac.programs@yahoo.com, со наслов „Meet the author”.

Предност имаат сите оние читатели и вљубеници во стрипот, како и студенти по англиски јазик и уметност. Крајниот рој за пријавување е 20 март, а бројот на учесници е ограничен.