Средба на публиката со актерката Ањес Сорал во Кинотека

Во рамки на Францускиот филмски фестивал, кој ќе трае до 20-ти јуни, организаторите најавија средба на македонската публика со актерката и добитничка на овогодишната почесна фестивалска награда Златна маска, Ањес Сорал.
Средбата ќе се одржи утре, со почеток од 18:30 часот во Кинотека на Македонија. Модераторка на средбата ќе биде новинарката Ана Јовковска.Сорал е позната по својата улога во филмот „До гледање кловну“, на режисерот Клод Бери, каде глуми заедно со Колиш и Ришар Анконина, а ќе биде прикажан за време на средбата со актерката.