Србија: Несовесните газди ќе одат во затвор ако не исплаќаат плата

Србија: Несовесните газди ќе одат во затвор ако не исплаќаат платаСрбија може да стане  втора земја од регионот (по Хрватска) која кривично ќе ги казнува сопствениците на фирми кои добро заработуваат, а не им исплаќаат плати на работниците. Социјално-економскиот совет, во кој учествува српското Министерство за работа и социјална политика на иницијатива на синдикатите предложи воведување на закон кој неисплаќањето плати ќе го третира како кривично дело. Законот би важел за оние кои доцнат со плата повеќе од 3 месеци.

-Работодавецот може кривично да се гони само доколку не ги исплатил средствата со цел да ги присвои за себе. Секако, не можат да се гонат оние кои не се во состојба да ги наплатат побарувањата и немаат од каде да ги подмират долговите кон работниците”, велат од советот.

Како што пренесува Блиц,  оваа иницијатива на српските синдикати има големи шанси да биде прифатена од владата, затоа што има значителна поддршка и од стопанските комори. Во Хрватска од 1 јануари годинава веќе е на сила ваков закон, според кој е  предвидена затворска казна од 3 до 5 години.