Можна легализација на марихуана за медицински цели во Србија

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар изјави дека неговото Министерство нема да прави проблеми околу употребата на марихуаната во медицината, како и околу сите останати средства кои даваат резултати при лечењето.

Србија ќе дозволи употреба на марихуана за медицински цели

Фото: 24vesti.rs

– Имаме различни студии кои покажуват дека марихуаната дава добри резултати во лекувањето. Но, сепак не сакаме да имаме нешто избрзано. Сакаме да ги информираме сите граѓани за што всушност станува збор, изјави Лончар за српскиот весник Блиц.

Лончар најави дека граѓаните и експертската јавност во петок на јавна трибина ќе бидат информирани за измените на законот кој се однесува на марихуаната и нејзината примена во медицината.

Иницијативата за измена на законот за употреба на канабисот во медицински цели ја поттикна хуманитарната организација „Лекализуи“.

Извор: Танјуг