Србија го враќа полицискиот час од петок до понеделник

„Епидемиолошката ситуација во Белград е алармантана и поради тоа преземаме мерки – се забранува собрање на повеќе од пет лица и во затворено и на отворен простор. Од петок одиме на долг полициски час, заклучно со понеделник“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во денешното обраќање.

Тој порача дека ситуацијата во Белград е алармантна, а сериозна е во уште четири града. Истот така појасни и дека болниците каде се третира Ковид 19 се преполни. Додаде дека добро само тоа што луѓето во Белград се јавуваат на лекар навреме, па има помалку починати отколку во останатите делови на земјата.

Во последното деноноќие во Србија починаа 13 лица од Ковид 19, а има 299 новозаразени од 8.287 тестирани лица. Во земјата, од почетокот на пандемијата се регистрирани вкупно 16719 случаи позитивни на новиот коронавирус, од кои активни се 2942.