Србија е новиот светски првак во е-спортови

Репрезентацијата на Србија стана нов светски шампион во е-спортови (натпреварувачки видеоигри), откако во возбудлива завршница го освои најпрестижниот светски турнир, кој оваа година се одржа во Јужна Кореја. Според системот на натпреварување, секоја година се играат по три видеоигри, а годинава тоа беа League of Legends, Hearthstone и Starcraft 2: Legacy of the Void.  Успехот во секоја игра се бодува засебно, а победнк е екипата која е најуспешна во сите игри.

Србија е новиот светски првак во е-спортови

Минатата година екипата на Србија беше деветтопласирана, а оваа година го изненади фаворитот, тимот на Јужна Кореја, кој го освојуваше првенството три години по ред.