Србија доби пристап до „Paypal“, Македонија и натаму на „црната листа“

Србија изминатата ноќ (9 април) влезе на листата на земји од кои е можно да се отвори сметка на популарниот сервис за интернет-плаќање Paypal.  Засега е дозволена само уплата на пари на корисниците во други земји, како и отворање на налози за приватни и правни лица.

Доаѓањето на Paypal во Србија се случува откако српските политичари со години го најавуваа и велеа дека се отстранети сите пречки со законската регулатива, за компанијата да почне со работа и во Србија. Слични најави минатата година имаше и од македонскиот министер за информатичко општество Иво Ивановски, кој тврдеше дека Македонија ќе добие пристап до Paypal во пакет со земјите од регионот. И покрај ова, Македонија и натаму останува на листата земји во кои компанијата не дозволува да се користат нејзините услуги.