Во сабота, 12 февруари, во Кино Фросина во Младинскиот културен центар од 20 часот ќе се одржи авторскиот перформанс „СРАМ“ на актерката Ангела Стојановска.
Перформансот е развиван како дел од платформата за изведувачки уметности на Фестивалот за феминистичка култура и акција Прво па женско – Испробување феминистрички иднини.
„Ова е моето простување со срамот од моето тело, од храната, од живеењето во оваа земја. Од срамот кој сум го негувала долго време, кој понекогаш не е лично мој и доаѓа од постапките на другите. Ова е моето прифаќање, заблагодарување и раскрстување со срамот. Време е срамот да оди кај некои други луѓе“, вели Стојановска за перформансот.
„СРАМ“
Авторка и изведувачка: Ангела Стојановска
Креативни соработници: Милош Б. Андоновски, режисер и Ева Камчевска, драматург
Поддршка низ креативниот процес: Викторија Илиоска, изведувачка и кореографка и Билјана Радиноска, режисерка
Извршна продуцентка: Емилија Чочкова
Костим: Раде Василев
Сценографија: Мартин Манев
Дизајн на промо материјал: Матеја Николиќ
Фотографијa на промо материјал: AniDimi
Bodypaint: Bojan Kovski
Времетраење: 60 мин
Повеќе информации за претставата може да најдете на следниов ЛИНК. Билетите се достапни на следниов ЛИНК.
Организаторите посочуваат дека за влез на настанот важат актуелните ковид-протоколи.