СПУКМ ќе собира донации за сиромашните семејства

СПУКМ ќе собира донации за сиромашните семејстваСтудентскиот парламент на Универзитетот „ Св.Кирил и Методиј“(СПУКМ) повика студентите и останатите граѓани да донираат елекектрични апарти, апарати за домаќинство, опрема за деца и бела техника за сиромашните семејства во рамките на акцијата „Се грижиме за топол дом“.

Донациите, како што посочуваат од организацијата ќе може да се оставаат во просториите на СПУКМ, секој ден од 10 до 16 часот.

„Хуманоста е најзначајната човекова особина. Ние, како студентски претставници ја имаме одговорноста да ја стимулираме и подигнеме свеста за хуманоста помеѓу студентите и граѓаните. Токму затоа СПУКМ се вклучува во акцијата „Се грижиме за топол дом“ на Министерството за труд и социјална политика“, изјави претседателот на СПУКМ, Кирил Спировски.

По завршувањето на целокупната акција предметите кои ќе бидат собрани ќе им бидат доделени на семејствата на кои најмногу им се потребни.