СПУКМ им благодари на институциите за бесплатниот превоз во четврток

Студентскиот парламент на УКИМ (СПУКМ) по повод првиот бесплатен ден за превоз на сите студенти испраќа благодарност до сите институции.

Кирил СПироски е нов претседател на СПУКМ

-Борбата за прилагодување на цените во јавниот превоз за студентите беше една од активностите на кои СПУКМ целосно се посвети во изминатиот период. Од денес сите студенти ќе можат секој четврток да се возат бесплатно во јавниот превоз што е од големо значење за секој студент. Им благодариме на сите кои го овозможија ова и се надеваме дека студентите масовно ќе ја искористат оваа бенефиција, стои во нивното соопштение.

На соопштението е потпишан претседателот на СПУКМ, Кирил Спировски.

Денеска со изјава излезе и претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски, кој исто така ја поздрави новата мерка на Владата- „слободен четврток“, со која сите млади студенти до 27 години ќе можат секој четврток бесплатно да го користат јавниот превоз, жичницата на Водно и уште неколку културни установи во Скопје.

Извор