СППФ: Не се откажуваме од студентите, отсуствувавме бидејќи Факултетот фаворизираше самопрогласено здружување

Почитувани, се надеваме дека ќе го прифатите нашето искрено извинување поради отстуството на нашата активност во изминатиов период. Секако, тоа не беше по наша вина туку поради одлуката на факултетот да фаворизира самопрогласено здружување на група студенти поради кое ни беше оневозможено било какво дејствување, се вели во соопштението на Студентски парламент на Правниот факултет (СППФ) „Јустинијан Први“ – Скопје.

Во продолжение, ви го пренесуваме целото соопштение на СППФ:

Сепак, не се откажуваме од нашата задача да останеме и во иднина со Вас студентите и покрај сите осцилации во студентското организирање, не отстапувајќи од фактот дека секогаш студентите се движечката сила која треба да бида сплотена без разлика на било кои околности, а најмалку поделена поради некакви интереси.

И покрај се, сметаме дека вложивме значително голем напор овие неколку години да го овозможиме најдоброто за студентите на Правниот факултет организирајќи конференции во рамките на државата и надвор од неа, потпишување на Меморандуми за соработка со најдобрите Студентски парламенти во регионот, патувања од едукативен и спортски карактер, постојано излегување во пресрет на Вас студентите како наш најголем мотив за наше функционирање за било какви барања од аспект на термини за сесии, несогласувања со некои предмети, професори и слично, без посебно да го нагласуваме веќе сработеното бидејќи тоа е наша основна задача и примарна цел.

Меѓутоа не планираме да се откажеме и оваа година би сакале да ве поканиме на најголемиот студентски настан ПРАВНИЈАДА кој што се одржува секоја година на кој успеавме да се организираме и земеме учество како Факултет прв пат после многу години, а воедно за нас и многу значаен поради тоа.

Би направиле и многу повеќе меѓутоа со оглед на околностите во моментов, ова е нешто што најмногу можеме да направиме, а ветуваме дека ќе се обидеме во блиска иднина и многу повеќе, сепак сме студенти и најмалку само од нас зависи, желбата останува и понатаму голема.

Задоволството е огромно доколку бидеме во што поголем број и добредојден е секој студент, без разлика на факултетот.

Ајде да се тргнеме од студентските стеги и да покажеме како правниците знаат да се забавуваат и дружат, кога веќе ништо не ни е организирано од факултетот.

Покрај оние кои што ќе дојдат само да се забавуваат, потребно е да се формираат екипи од тимски и индивидуално спортско – едукативен карактер за што наскоро подетално ќе бидете известени.

Потребни категории:

– Ораторство;
– Симулација на судење.

Како и во спорт:
– Фудбал мажи;
– Кошарка мажи;
– Ракомет мажи/жени;
– Одбојка жени;
– Шах мажи/жени.

Студентски Поздрав,

Ваш СППФ!