„Спотифај“ дозволи да се зачувуваат повеќе од 10.000 песни

„Спотифај“ го повлекува ограничувањето од 10.000 песни кои корисниците досега можеа да ги зачуваат во своите колекции на апликацијата. Новата опција ќе им дозволува да додадат онолку музика колку што сакаат без никакви ограничувања.

Апликацијата има повеќе од 50 милиони песни на располагање, достапни во кое било време.

Корисниците долго време бараа од „Спотифај“ да го отстрани ограничувањето, но компанијата претходно покажа отпор на идејата, велејќи дека „помалку од 1% од корисниците го достигнуваат“.

Новиот систем се однесува само на можноста да се зачуваат песни во „Spotify library“. Индивидуалните листи сè уште се ограничени на 10,000 песни, а корисниците можат да преземаат само до 10,000 песни на секој од нивните пет различни уреди за офлајн слушање.

Од компанијата, исто така, информираат дека можеби ќе биде потребно време за да се појави новата промена кај сите корисници.

Извор: The Verge