Спортисти од Македонија на Летната Специјална олимпијада во Лос Анџелес

На Летната Специјална олимпијада, која ќе се одржи во Лос Анџелес, САД од 25 јули до 2 август, ќе учествуваат и повеќе спортисти од Македонија.

Спортисти од Македонија на Летната Специјална олимпијада во Лос Анџелес

Спортисти од Македонија на Летната Специјална олимпијада во Лос Анџелес

На овие игри учество ќе земат 177 земји, а македонската делегација ќе брои 26 членови од кои 18 спортисти ќе не претставуваат во четири спорта и тоа: кошарка, атлетика, пинг понг, пливање.

Спортисти од Македонија на Летната Специјална олимпијада во Лос Анџелес

Специјалнатa Олимпијада е еден од најголемите глобални спортски настани. На олимпијадата се натпреваруваат повеќе од 7.000 спортисти и 3.000 тренери од 177 земји во 25 олимписки спортови.

Спортисти од Македонија на Летната Специјална олимпијада во Лос Анџелес

Почесен претседател на игрите е претседателот на САД Барак Обама, а почесни гости на церемонијата на свеченото отворање во Лос Анџелес се првата дама на САД, Мишел Обама, градоначалникот на Лос Анџелес Ерик Гарцети и гувернерот на Калифорнија Џери Браун.