Спортистот и личен тренер Dave Sims, измина над 2500 километри возејќи Raleigh Chopper, позната марка на велосипед за деца од 70-тите со единствена цел – да покаже дека не е потребен професионален велосипед за да се победи на трката Tour de France.
Stage 11 TDF DONE! Photos of me on the Tourmalet. What a day! @TeamSky @Nick_Mussell @HMiddletonCC @HelpforHeroes pic.twitter.com/X8WfqAYl9D
— Team Chop! (@MPCdave) July 15, 2015
Sims ја помина патеката што треба да се извози оваа година на познатата велосипедска трка во Франција. Со овој подвиг, спортистот запраша – што е поважно, дали велосипедот или возачот. Тој помина 117 часа седејќи на карактеристичното седло на велосипедот, иако на 14 етапа од возењето се здоби со повреда и мораше да прескокне неколку фази.
Great to see Sir Dave supporting Team Chop’s @MPCdave by sampling the Chopper he’s riding the FULL #TDF2015 route on! pic.twitter.com/0kzZpJ5zhM
— Team Sky (@TeamSky) July 18, 2015
Покрај тоа што со неговиот подвиг се обиде да даде некаква поука, тој изминатиот месец помина илјадници километри за да соберe пари со кои би им помогнал на луѓе со сериозен хендикеп. На крај, Sims успеа да собере многу повеќе пари од предвиденото.