Според СЗО, децата имаат несигурна иднина на оваа планета

Ниту една земја не им пружа шанса за нормален развој на децата во иднина, известува Светската здравствена организација. Експертите велат дека глобалното затоплување и штетниот маркетинг кој охрабрува брза храна и козумирање на алкохол ги изложува децата на ризик.

Извештајот од СЗО, УНИЦЕФ и Комисијата „Ланцет“, рангираше 180 држави според условите кои ги нудат за детскиот развој, фокусирајќи се на здравствените и генерални фактори како образованието, исхраната и детскиот морталитет, за потоа да биде воведена уште една категорија – испуштање јаглеродни емисии.

Околу 40 светски експерти алармирале дека прогресот во изминатите две децении всушност би бил уназадување, доколку некои држави не вовеле радикални промени во своето функционирање.

„Секое дете во светот се соочува со животни ризици од климатските промени и комерцијалните притисоци. Државите мора да го изменат својот пристап кон децата и адолесцентите и да го заштитат светот за новите генерации“, изјавила премиерката на Нов Зеланд, Хелен Кларк, која е една од членовите во комисијата.

Дел од рангираните држави во истражувањето

Експертите предупредуваат дека температурата до 2100 година би се покачила за 4 степени Целзиусови, што ќе резултира со ужасни здравствени последици за идните генерации – покачување на нивото на океаните, топлотни бранови и епидемии на болести како маларијата.

„Повеќе од две милијарди деца живеат во земји чиј развој е расцепкан од сиромаштија, конфликти, природни непогоди и климатски промени“, изјавилa министерката Ава Кол Сек од Сенегал, која исто така е дел од комисијата.

Додека најсиромашните земји во светот се последни во испуштање на јаглеродни емисии, тие се најизложени од негативното влијание на климатските промени.

„Промовирањето на подобри услови за децата денес, не мора да биде по цена на иднината на генерациите што следат“, додала Кол Сек.

Во 2015 година, државите се согласија на 17 заеднички цели кои вклучуваа борба со гладот, пад на сиромаштијата и акции против климатските промени, но пет години подоцна, Земјата сè уште е многу далеку од целта.

Извор: BBC