Според научниците на NASA 2014 e најжешка година во современата историја

Научниците од NASA и NOAA соопштија дека 2014 година е за 0.04 C со повисоки температури од претходните рекорди и е 38. година по ред со надпросечни температури. Во глобален размер, температурите во 2014 година биле за 0.69 C повисоки од просечните температури во 20 век, соопштија американските научници.

Светот е со  највисоки температури откако започна системската евиденција во 1880 година. Научниците велат дека температурите во 2014 година биле за 0,40 C повисоки од претходните рекорди во 2005 и 2010 година. Тоа значи дека секој кој е роден по 1976 година нема доживеано пониски температури од просечните.

„Секоја година да биде рекордна година, сама по себе не е од особено значење, но ова е еден од серијата рекорди на високи температури кои се водени од континуираното глобално затоплување“, вели Gavin Schmidt, директор на институтот на NASA, Goddard за вселенски студии.

„Очекуваме дека рекордите на високи температури и понатаму ќе бидат надминувани, не секаде и не секоја година, но се повеќе, а тоа не создава добри предуслови за цивилизација која продолжува да испушта гасови од ефектот на стаклена градина во атмосферата“, рече Schmidt.

Научниците велат дека рекордот од 2014 година не се должи на „Ел Нињо“, метеоролошкиот глобален феномен кој беше познат по тоа што додаде повеќе топлина во атмосферата.

Голем дел од Европа и делови од Северна Африка беа зафатени од топлотните бранови. Велика Британија го виде најтоплото лето во три и пол века. Скоро секоја метеоролошка станица постави нови рекорди. Австралија исто така, имаше серија на топлотни бранови.

Годината донесе и поројни дождови и поплави во некои земји. Делови од Турција имаше пет пати повеќе од нормалниот износ на врнежи, а Франција го искуси своето највлажно лето од 1959 година, Милиони луѓе пак, беа погодени од обилните дождови и големите поплави во северниот дел на Бангладеш, Пакистан и северниот дел на Индија.

Извор: theguardian.com