Споменик на Мајкл Џексон ќе се исправи во ГТЦ?

Весникот „Вечер“ денеска на насловната страница објави вест дека на 13. Ноември, Денот на ослободувањето на главниот град во скопскиот ГТЦ ќе биде поставен споменик на поп-ѕвездата со иницијали М.Џ. Понатаму, „Вечер“ „информира“ дека споменикот ќе биде со димензии од 14 метри и со постамент од осум метри. Наводно авторот на споменикот бил Србинот Д.Л. и скулптурата чинела околу 900.00 евра. Оваа вест, без дополнителни објаснувања е поставена и на сајтот на весникот.

Сепак, најверојатно станува збор за несолена шега на „Вечер“ бидејќи деновиве во „Србија“ беше промовиран филмот „Споменикот на Мајкл Џексон“, а режисер на филмот е Дарко Лунгулов, чии иницијали се Д.Л, пишува ФокусФилмот е копродукција меѓу четири држави, Македонија, Србија, Германија и Хрватска и нашата држава во него учествувала со 10 отсто. „Споменикот на Мајкл Џексон“ е промовиран летоска на филмскиот фестивал во Карлови Вари, а домашната „Дрим фактори“ се’ уште нема договор за презентирање на филмот во Скопје.

Како што јавува Сервисот за проверка на факти од медиумите, фотографијата на насловната страница на весникот е најверојатно од поставувањето на споменик на Џексон во 2010 година пред музеј во Холандија, за што има трага и на овој кинески блог, како и на веб-страницата на самиот музеј.

Интресно е дека неколку дена пред српската премиера на филмот пред киното „Синеплекс“ во Белград била поставена скуптура на Мајкл Џексон.

Град Скопје и Општина Центар, нормално, не знаат ништо за „споменикот“, додека во киното во ГТЦ „Милениум“ потврдуваат дека филмот сега засега не е на нивниот репертор.