Споменик на Јуриј Гагарин ќе биде поставен во Карпош

Во скопската населба Карпош ќе биде пoставен споменик на советскиот космонаут Јуриј Гаргарин, светски познатиот воен пилот и космонаут, човекот што прв летна во вселената во 1961 година, пишува Дневник. Советот на Општина Kарпош на последната седница ја усвоил Програма за одбележување значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја на подрачјето на Општина Kарпош.

Споменик на Јуриј Гагарин ќе биде поставен во Карпош

Од Општината Kарпош информираат дека амбасадата на Руската федерација во Македонија поднела барање до Општина Kарпош за поставување споменик на Јуриј Гагарин во паркот Македонија, кој се наоѓа на улицата што го носи неговото име и е на територијата на Kарпош. Засега од Општината не откриваат детали за тоа кој ќе го гради споменикот и со колкави димензии ќе биде.

Паркот „Македонија“ во општина Карпош, каде ќе биде поставен споменикот

Паркот „Македонија“ во општина Карпош, каде ќе биде поставен споменикот

Портпаролот во Општината Kарпош, Виолета Цветковска, вели дека споменикот ќе биде донација од руската амабасада.

– Наскоро, на некоја од следните седници Советот на Општината треба да донесе одлука за поставување на споменикот. Во таа одлука ќе се посочат точната локација на поставување на споменикот, податоци за тоа кој ги обезбедува средствата и детали и параметри за градбата и просторот. Одлуката ќе биде составена од графички и текстуален дел – изјави Цветковска.