Покрај реката Раќита близу тетовска Вратница отсега ќе стои спомен обележјето со ликот на Душко Златевски-Шаро, како симбол на борбата на населението против изградба на хидроцентрали. Овој 64-годишен локалец почина минатата година додека бил на блокадите.
Днска претставници од месните заеднице од Вратница, Орашје и Старо Село по повод едногодишниат помен парастос за Душко Златевски-Шаро положија цвеќе на спомен обележјето на Вратничка река
Posted by Вратница- Vratnica on Sunday, November 8, 2020
Споменикот е изработен по иницијатива на месните заедници од Вратница, Старо село, Орашје и иселеници од САД, а приватни фирми го обезбедиле и донирале целокупниот материјал.
Населението на Вратница, Орашје и Старо село шест години се спротиставуваа на изградбата на хидроцентрали, бидејќи за нив штетата е поголема од придобивката од вакви објекти и дека со нивна изградба се прави трајно уништување на природата.