Спектакуларен метеорски дожд следната недела

Следната недела,  ноќта меѓу среда и четврток, жителите на Земјата ќе бидат сведоци на метеорскиот дожд Персеид, традиционален феномен, кој според астрономите, годнава ќе биде особено спектакуларен.

Во моментот кога овој „небесен огномет“, што ќе биди видлив ширум светот, ќе го достигне својот зенит, на небото ќе можат да се видат и до сто метеори во еден час. Со оглед на тоа што Месечината ќе биде во најтемната фаза, со својот отсјај нема да пречи во следењето на метероскиот дожд.

Како што се наведува во астрономскиот календар на НАСА, метеорскиот дожд Персеид годинава е активен од 13 јули , па се до 26 август, при што најголемата видливост е меѓу 12 и 13 август. Овој метеорскиот дожд потекнува од опашката на кометата Свифт-Татл, која додека прави круг околу Сончевиот систем, оставај зад себе облак од метеориди  што продираат во земјината атмосфера со брзина од шеесетина километри во секунда.