Специјализирана мапа од пунктови за помош на настраданите од поплавите

На специјализирана мапа на „Гугл“ се означени пункотвите на кои може да се донира помош за погодените подрачја од поплавите и од невремето. Мапата ги прикажува и прифатните центри и центрите за укажување помош на граѓаните на кои им е потребна.

На Фејсбук, пак, започна да функционира групата „Хуманитарна помош за поплавените семејства во Скопје“, на која постојано се објавуваат информации за потребите на поплавените и за состојбата во погодените подрачја.