Спасувачките екипи бараат преживеани откако земјотрес го погоди Измир и грчкиот остров Самос

Најмалку 27 загинати и 800 повредени во земјотрес кој го погоди Измир и грчкиот остров Самос.

Спасувачките екипи бараат преживеани низ цементните блокови и сметот, откако најмалку 27 луѓе загинаа, а стотици се повредени од силен земјотрес во Егејското море кој ги зафати зградите во турскиот град Измир и создаде наплив на вода кај грчките острови.

Одделот за штети и итни ситуации истакнал дека земјотресот кој вчера ги погоди турските и грчките територии бил со силина од 7.0 степени, а по големиот затрес, следувале 407 последиччни удари . Околу 800 луѓе се водат како повредени.

Рано изутринава, локалците ги поддржуваа службите кои го извлекоа тинејџерот Инци Окан од остатоците на осумкатна зграда. Две жени, на возраст од 53 и 35 години исто така беа извлечени од двокатна зграда

Од итните служби нагласиле дека во Измир загинати се најмалку 25 лица, меѓу кои се наоѓа и жена која се удавила.

Два тинејџери ги изгубија своите животи на грчкиот остров Самос, откако се разпаднал ѕид. Најмалку 19 луѓе се повредени, а 3 лице се пренесени на лекување во Атина. Самос е дом на 45,000 лица и на 7000 емигранти.

Се очекува раст во смртните сличаи, а градоначаникот на Измир истакнал дека најмалку 20 згради се погодени во градот. Измир е третиот најголем град во Турција и е дом на 4.5 милион лица, а истовремено и е туристички центар.

Епицентарот на земјотресот бил 17 километри надвор од Измир и 12 километри надвор од островот Самос.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, истакнал дека ќе се искористат сите државни можности за да им се помогне на оние кои се погодени од земјотресот. Спасувачките екипи пристигнале во Измир со 38 амбулантни возила, 2 амбулатни хеликоптери и 35 спасувачки тимови со повеќе од 3,000 медицински лица и продукти испратени од остатокот на државата.

Градоначалникот на Измир изјавил дека во текот на ноќта повеќе од 70 лица биле спасени од делумно оштетените згради, а 9 од 17 места биле исчистени до изутринава.

Една од болниците во Измир, ги преместила пациентите под отворено небо како заштита од афтершоковите.

И покрај зголемената тензија помеѓу двете држави, Анкара соопштила дека министрите за надворешни работи на Турција и Грција веќе разговарале по телефон, со планови за меѓусебна помош. Грчкиот премиер Кирјакис Мицотакис се јавил на Ердоган за да изрази сочувство за загинатите.

Извор: Guardian