„Создади надеж“ е мотото под кое во пресрет на Светскиот ден на бегалците ќе се одржи продажен хуманитарен базар на ракотворби кои ги изработиле бегалци.
139 лица бегалци и мигранти изработија преку 100 парчиња накит, украси и слики како дел од 15 работилници за арт терапија одржани во транзитните центри Табановце и Винојуг, како и во прифатниот центар Визбегово.
Ракотворбите ќе бидат на продажба, а собраните средства ќе се употребат за поддршка на потребите на бегалците и мигрантите во Македонија.
Проектот на УСАИД за заштита на правата на бегалците и мигрантите е спроведен од Македонско здружение на млади правници во соработка со Отворена Порта – Open Gate: La Strada Macedonia.