Создадена првата функционална гитара изградена од Lego коцки

Италијанската компанија за производство на предмети од дрво Pavan ги комбинираше омилените играчки на децата – Lego коцките за градење, со омилената играчка на возрасните – гитарата. Тие успејаа да создадат функционална гитара составена од дрвени коцки.

Иако вратот на гитарата е направен од дрво, телото и главата на инструментот се целосно составени од Lego коцки. Таа произведува нормален звук како и секоја шестжичана гитара изработена на стандарден начин и од стандардни материјали. Тоа што е интересно е што лепило е користено само кај штимерите, што значи дека коцките можат да се разместат и гитарата да има друга шара.

Извор: NME