Современата балетска претстава „14 часа“ вечерва во МОБ

Вечерва (трети март) со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена една од најгледаните балетски продукции во МОБ „14 часа“.

Автор на музиката е Кирил Џајковски, кореографијата и сценографското идејно решение се на Игор Киров, костимите на Александар Ношпал, а режијата и либретото на Наташа Поплавска.

Играат Александра Мијалкова, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Билјана Басмаџиева, Дафина Данилоска, Васил Чичијашвили (Грузија), Мирослав Митрашиновиќ, Игор Веланоски, Јан Кисилев, Агим Бафтии, Гиорги Беридзе (Грузија).

„14 часа“ е современо балетско дело, кое низ 12 сцени ги разработува женско-машките односи, преку ликовите на Лили и Марк.