Современ дански филм во Кинотека

Во среда (26 ноември) и четврток (27 ноември), со почеток од 20 часот ќе се прикажат два дански филма во рамки на неделата на современ дански филм во Кинотека.

Современ дански филм во Кинотека

Во среда, ќе се прикаже документарниот филм „Духот на пирамидата“ во режија на Андреас Коефорд. Филмот трае еден час и ја следи музичката група „Еферкалнг“ која оди во рускиот град Пирамида за да добие инспирација за својот нов албум.

Во четврток, ќе се прикаже документарниот филм „Експедиција на крајот на светот“, на режисерот Даниел Денцик со времетрање од 90 минути.

Во филмот се зборува за храбрите морнари кои се сретнуваат со поларни мечки, игралишта од камено време, но и други сосема непознати видови. Во средбата со новите и непознати делови на светот, екипата се соочува со егзистенцијални прашања, но и сцени кои нè заведуваат и нè водат подалеку.