Советот за етика во медиумите на Македонија со отворен ден во Гостивар

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) утре, 26 февруари, во салата на Општина Гостивар, организира „Отворен ден“, во рамки на кој ќе се одржи јавна седница на Комисијата за жалби. Членовите на Комисијата ќе дискутираат за добиени жалби за новинарско известување.

Целта на отворената седница е јавноста и медиумите одблиску да се запознаат со работата на Комисијата за жалби при Советот на етика, која од своето формирање пред четири години има донесено 290 одлуки.

Од СЕММ велат дека ваквиот тип на отворени седници ќе биде императив на Советот и во понатамошното дејствување и промовирањето на саморегулацијата во државата.