Советниците на Општина Валандово изгласаа да се распише референдум

На вонредна седница, Советот на Општина Валандово, со 8 присутни советници, и 8 гласа „За“, изутринава донесе одлука за распишување на локален референдум.

Откако иницијатива на повеќе од 2.000 граѓани кои го дадоа својот потпис за да побараат референдум беше игнорирана од Општината и претседателката на општинскиот совет Јасминка Сечкова, мнозинството советници закажаа вонредна седница одржана изутринава. Седуммина градски советници одлучија да не присуствуваат на седницата.

Градоначаликот на Валандово, Николче Чурлиновски, советниците велат дека треба да ја потпише одлуката во рок од седум дена.

„Граѓаните ќе добијат шанса преку директно искажување на својата волја, да одлучуваат за својата иднина. Веруваме дека секој граѓанин ќе ја одбере вистинската страна, и ќе гласа против отворање на тешка и загадувачка индустрија на територијата на нашата општина“, објавија од иницијативата „Спас за Валандово“.