Совети за подобри фотографии од наградуваниот фоторепортер Стив МекКари

Познатиот и наградуван американски фотограф Стив МекКари, најпознат по својата фотографија „Авганистанска девојка“, објави неколку совети и трикови за создавање на композиција во фотографиите, со цел да им помогне на аматерските фотографи да ги подобрат своите вештини.

Видеата се направени од Кооперативот на фотографи, а во нив се објаснети неколку правила, од правилото на третини и природните линии кои ѝ даваат длабочина на фотографијата, до шаблоните и природните рамки.

Едноставните, но ефективни совети на МекКари се лесни да се следат, но тешки да се совладаат. Но, како што забележува фотографот, „Запаметете, композицијата е важна, но правилата се напишани за да се прекршат. Така што, најважното е да уживате додека фотографирате, и да го правите тоа на свој начин и со свој стил“.