Совети до студентите од 75-годишен маж кој завршил 30 факултети за 55 години

Мајкл Николсон е 75-годишен човек кој најмногу од се сака да оди на факултет. До денес, тој има една факултетска диплома, две дипломи од виша школа, 23 мастер дипломи, три специјализации и еден докторат. Бил запишан на студии во високообразовна институција цели 55 години, и има вкупно 30 дипломи. Ова се неговите совети за идните студенти.

Се будам во четири наутро и пешачам две милји веднаш после станување. Тоа не значи дека секој треба да станува во четири, но треба да имате некаков вид на рутина. Ако ги преспиете утринските часови, ќе трчате наоколу трудејќи се да надоместите за изгубеното време.

Кога бев студент по теологија, моравме да носиме кошули, вратоврски и костуми. Не е така повеќе. Од она што го гледам во предавалните денес, искрено, сум засрамен. Сите изгледаат неуредно. Не знаат како да се облекуваат. Кога одам на предавање, носам панталони и спортски кошули. Не би облекол маица, „Левис“ фармерки, кратки панталони или сандали, како што се облекуваат девојките. Пред 50-60 години, девојките носеа чевли и чорапи, здолништа и фустани. Ја средуваа својата коса.

Деновиве, на предавања се јаде. Студентите си носат ручек со себе, носат вода и сокови. Си ги носат и компјутерите. Се чини дека се забавуваат. Ја вообичаено седам сам на последниот ред, и можам да видам дека гледаат во своите компјутери. Јасно ми е зошто професорите се исфрустрирани. Тие предаваат и делат материјали, а студентите само зјапаат во компјутерите, гледајќи во еден куп други нешта истовремено. Кога јас бев млад, не се осудувавме да се шегуваме. Денес, се е дозволено.

Студирав без престан 55 години. Ми се допаѓаше, и добивав разни признанија, па во тој смисол, навистина сум постигнал нешто. Се навикнав да одам на факултет, и сакав да продолжам да учам најмногу што можам. Но, колку повеќе учев, толку помалку сакав да знам. Би сакал да сум на факултет сега, да почнам неделава. Но, пред неколку години сосема се исклучив. Или, како што ми кажа еден доктор, остарев. Се трудам да се прилагодам на тоа.

Не бев сигурен што треба да правам со својот живот кога ја одбранив првата диплома, но имав генерална идеја за тоа што треба да знам. Одев во Библискиот колеџ во Детроит, и секоја година претседателот на колеџот им праќаше порака на студентите, во која пишуваше: „Не се откажувај прерано“. Се трудеше да не задржи на факултет се додека не дипломираме. Тоа е мојата порака до сите млади: Не се откажувајте прерано.

Навистина не е важно што студирате, но треба да студирате нешто што искрено ве интересира. Инаку, веројатно ќе се откажете на пола пат. Важната работа е да имате диплома. Тогаш, ја имате можноста да продолжите со образованието, или да започнете кариера која не е поврзана со факултетот кој сте го завршиле. Како мојата сопруга: учеше за да биде учителка, предаваше некој краток период, но последните 37 години работи во процесирање на податоци.

Факултетот по теологија ми беше омилен. Таму научив како е да се биде студент. Бев далку од дома, оставен сам на себе, и требаше да произведам добра работа за да можам да си одам дома со самопочит. Тоа значеше дека не смеам да ги оставам домашните задачи и есеите за ноќта пред предавањето. Ако требаше да напишам семинарска, почнував три недели пред крајниот рок. Тоа го извади студентот од мене.

Не се согласував со мојот цимер. Беше премногу експресивен, премногу емотивен, а јас отсекогаш сум бил многу тивка личност. Тој секогаш имаше многу да каже за многу различни нешта, но ме научи и на многу добри работи. Беше дојден да студира две години пред мене, па ми даде некои книги и некои од неговите стари есеи. Не се расправајте со цимерот ако не ви се допаѓа. Веројатно има нешто што може да научите од него.

Неверојатно е што се може да се научи доколку ја држиш устата затворена. Повеќето луѓе сакаат само да зборуваат. Ако јас ги слушам луѓето, тие всушност обрнуваат внимание. Не се трудам да им кажам се што знам, бидејќи вообичаено веќе знаат повеќе од мене.

Можете брзо да учите од другите студенти кога сте во училница, можете да го дознаете нивниот поглед на нештата. Дознајте од каде потекнуваат, каква позадина имаат, со што можат да придонесат кон предавањето. А, професорот може да ви пренесе вистински искуства место само да ви праќа белешки на компјутер.

Тоа е и целта на факултетот – да најдете работа, секако, но и да ви се прошири хоризонтот, да се зголеми вашиот поглед на светот. Учиш што се случува во светот. Како настанал? Каде се движиме? Какви се врските меѓу луѓето на оваа планета?

Треба да ги слушате вашите професори. Часот е на професорот, па не се трудете многу да го предизвикувате. Но, ако навистина не се согласувате со него, разговарајте. На пример, за да дипломирам кривично право – мојата 30-та диплома, морав да напишам дипломски труд од најмалку 75 страници. Поради мојата христијанска позадина, избрав кривични дека од религиозни мотиви. Во моето истражување дојдов до човек кој почнал да верува во Исус Христос додека бил во затвор. Овој човек е истиот кој верувам дека го истрелал смртоносниот куршум кој го погодил Џон Кенеди. Го посетив во затвор два пати, и имам 27 писма од него.

Имав голем број дискусии за ова со професорот кој ми беше ментор на дипломската. Зборувавме за атентатот на Кенеди, и морав да го кажам својот став. Тој ми велеше дека сум грешка и дека не знам за што зборувам, и дека барам неволја. Но, ако му кажеш на професорот „Ова е мојот поглед, и ова се доказите“ – а, секогаш имав некаков доказ – може барем да дискутирате за тоа.

Го завршив мојот труд со презентација за мојот поглед на ситуацијата со Кенеди, и обраќањето кон религијата од страна на неговиот убиец додека бил во затвор. А, мојот професор го потпиша. Тој беше еден од четворицата доктори, меѓу кои еден адвокат, иако никој од нив не се согласуваше со мене. Бидејќи имав аргументи, па не можеа да не се согласат со мене. Така јас се справувам со професорите.

Немам долгови. Почнав да го разнесувам Детроитскиот весник кога имав 11 години, и ја одржав истата работа 11 години, па сам плаќав за факултет. Така ги преживеав првите четири години: разнесувајќи весници, секој ден од неделата. Секако, тогаш факултетот не чинеше толку многу. Но, школарината никогаш не била проблем. Имав неколку работни места како професор во меѓувреме, и пишував паркинг казни во еден универзитет цели 11 години, но сето време додека работев, исто така и студирав.

Знам дека просечниот студентски долг е 30000 долари после четири години студирање. Дали вреди? Не знам. Се плашам од долгови. Никогаш не сакам некому нешто да должам. Кога некому му должите нешто, под негова контрола сте. Но не знам што друго можете да направите, бидејќи не можете да ја добиете работата што некогаш сте ја сакале. Работев во фабрика неколку лета, но веќе не можат да се најдат такви работни места. Летото кога работев во Крајслер, само влетав во фабриката. Тоа беа 60-тите. Ако сакате таква работа сега, веројатно треба да одите во Кина.

Ќе продолжев да студирам доколку не ме забавеше мојата физичка состојба. Тоа е мојот совет: продолжете со студиите. Останете на факултет најдолго што можете.