Совет за етика во медиуми: Новинарите морат да бидат ослободени од какви било закани и притисоци

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува последниот случај кога екипа на ТВ Шења била попречена во известување за комунални проблеми во општина Чаир од симпатизери на ДУИ. Советот повикува да се преземат неопходните мерки за расчистување на ваквите случувања.

„Безбедноста на новинарите мора да биде ослободена од какви било закани и притисоци, а државата, во согласност со член 10 од Европската конвенција за човекови права, е одговорна за преземање на сите активни мерки со цел да се создаде и одржува поволна клима за слобода на изразување“, велат од СЕММ.

Потсетуваaт дека ваквата одговорност произлегува и од препораките на Комитетот на министри на Советот на Европа околу заштитата на новинарството и безбедноста на новинарите и другите медиумски актери.