СОС Детско село организира хуманитарна акција за прибирање училишен прибор

Во текот на утрешниот ден од 10 до 16 часот ќе се одржува хуманитарно-добротворна акција за прибирање училишен прибор за децата од СОС Детско село Скопје.

„Таму оваа година има 45 дечиња кои одат во основно училиште, а вкупно има 52 ученика. Дополнително, средношколците од погорните одделенија се сместени во младинските куќи во Бардовци и Радишани, соопштија од СОС Детско село.

Акцијата ќе се одвива пред маркетите на „Тинекс“ – во Зебра, во Карпош 3 (зад Алуминка) и пред „Тинекс“ кај Раде Кончар.

Од СОС Детско село нагласуваат дека на децата ќе им бидат потребни ранчиња, кутии за моливи, тетратки, блокчиња за цртање, боички, фломастери, темперни бои, моливи, шестари, линијари…

„Доколку сакате да помогнете, а не сте во можност да стигнете во сабота, Вашите донации можете да ги доставите и во канцеларијата на СОС Детско село Македонија, на улица ’Ристо Шишков’ 25 (Поранешна Димитрие Туцовиќ), кај Градски парк“, повикуваат од СОС Детското село.