Сопственикот на „Зара“ ќе затвори 1,200 продавници ширум светот

„Индитекс“ бара начин да го зголеми процентот на онлајн продажбата во време кога коронавирусот ја намали продажбата за 44%.

Од компанијата нагласиле дека затворени ќе бидат 1000 до 1,200 мали продавници, бидејќи загубите се осврнуваат и кон други постари продавници, меѓу кои и „Зара“.

Шпанската компанија истовремено ги поседува и „Бершка“, „Пул енд беар“ и „Масимо Дути“.

Затворањето на продавниците ќе биде концентрирано на територијата на Азија и Европа.

„Индитекс“ нагласила дека бројот на вработените нема да има драстичен пад, бидејќи било понудено преместување на вработени во други оддели, конкретно одделот за онлајн купување.

Вкупниот број на продавници по реорганизацијата ќе падне од 7.412 на 6,700, во кои исто така спаѓаат 450 новоотворени продавници.

Компанијата пријавила загуба од 409 милиони евра за првите четири месеци, а скоро четвртина од продавниците биле затворени до 8 јуни.

Сепак, растот на онлајн продажбата ја ублажила профитната загуба, соопштиле од „Индитекс“. Онлајн продажбата забележила раст од 50%.

„Индитекс“ истакнала дека ќе се осврне кон онлајн шопингот, истовремено барајќи начин да ја надмине конкуренцијата од другите продаваши на висока (брза) улична мода, како „Ејџ&Ем“ и „Уникло“, „Фест ритејлинг“ и поновите онлајн конкуренти како „Асос“ и „Буху“ кои просперираа за време на карантинот.

Извор: Guardian