Сообраќајни рестрикции во Мексико поради енормно аерозагадување

Властите во Мексико Сити забранија движење на 40 отсто од автомобилите поради енормното аерозагадување. Одлуката која беше донесена пред три дена, ќе важи до 20 јуни, а со неа е предвидено дека 20 отсто од автомобилите и камионите во главниот град на Мексико, во работните денови не смеат да излезат од гаражите.

Сепак изминатите денови, поради слабите ефекти од мерката, рестрикции се воведоа на дополнителни 20 отсто од возилата.

Ова е првпат, по 14 години, Мексико Сити да воведе вонредна состојба поради високото ниво на штетни гасови во воздухот. Бизнисмените најавија дека привремените сообраќајните рестрикции поради смогот ги чинат повеќе од 300 милиони долари.