Sony работи на нова батерија која ќе трае 40 посто подолго

Литиум-јонските батерии (популарно нарекувани Li-ion) ги напојуваат нашите мобилни телефони и лаптопи толку долго време, што сме заборавиле дека постојат и други технологии за напојување, кои се потенцијално поефикасни.

Sony, компанија која имаше клучна улога во популаризирањето на Li-ion батериите во 90-тите, сега работи на нови батерии базирани на сулфур, кои можат да обезбедат 40 посто повеќе енергија, односно долготрајност на батеријата, јавува Nikkei.

Иако ветува, оваа технологија сé уште се соочува со пречки. Првите Li-S (литиум-сулфурни) батерии беа направени во доцните 2000-ти, но на пазарот речиси и ги нема денес, претежно поради лесната деградација на сулфурот. Сé уште не е познато како Sony планира да го реши овој проблем кај новите батерии, пишува Mashable.

Сајтот јавува и дека Sony работи и на магнезиум-сулфур (Mg-S) батерии, кои се потенцијално и поефикасни, и поевтини од денешните батерии.

Цел на Sony е овие батерии да бидат дотапни на пазарот до 2020 година.